ДИК ги разгледува приговорите за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ја започна седницата на која одлучува по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори. Поднесени беа 46 приговори, од кои 43 од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата опозициската партија повлече три од приговорите што се однесуваат на гласањето и сумирањето на резултати во Скопје и Прилеп. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговори за гласањето во Ѓорче Петров, Аеродром, Центар, Чаир, Сарај, Кисела Вода, Шуто Оризари, Гази Баба, Кривогаштани, Карпош, Прилеп, Радовиш и Струга. ТМРО за гласањето во Град Скопје, Алијанса за Албанците за Гостивар и Левица за гласањето во Куманово.
Приговори за изборите за градоначалник има за Град Скопје, за Центар, за Сарај, за Струга, за Радовиш и за Кривогашатани. За гласањето за листите за советници приговори има за Град Скопје, Центар, Гостивар, Струга, Радовиш, Прилеп, Куманово и Кривогаштани.
ДИК е должна да одлучи по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.
Управиот суд на Република Македонија, пак, по приемот на жалбата должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
