ДИК: Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми
Сите гласачки места во казнено поправните установи за предврмените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми, соопшти Државната изборна комисија.
На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РМ своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип и еден гласач од општина Пласница.
-Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 глсачи во оптина Штип и 76 гласачи во општина Пласница. Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип, информираат од ДИК.
Најавуваат информации за денешното гласање најдоцна до 19:30 часот.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица