ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. На претстојните локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари, идната година ВРЕДИ ќе биде под реден број 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ под реден број 2, НАИ под број 3, Коалицијата предводена од СДСМ под број 4, група избирачи подносител, Зулхајрат Демири под реден број 5 и Демократска партија на Турците во Македонија под реден број 6.
Државната изборна комисија на денешната 162-ра седница ја спроведе јавната ждрепка за редоследот на гласачкото ливче за повторените избори кои ќе се одржат во овие општини. Претходно, како што наведе претседателот на ДИК, Борис Кондарко, општинските изборни комисии ги потврдиле листите за изборите.
На денешната седница беше донесена и одлука за објавување на описите на избирачките места, согласно законските обврски за повторените избори и согласно роковникот кои ќе се објават на официјалната страна за да бидат достапни за граѓаните и јавноста навреме да се информира.
-Со цел, да се информираат граѓаните, да можат да го остварат своето право на глас, за избирачките места, иако во скоро време имавме избори, ова се повторени, локациите не се променети, но законската обврска е да го направиме и објавиме заради остварување на правата на граѓаните и навремено информирање за изборите на 11 јануари, рече Кондарко.
На денешната седница ДИК го усвои и предлог-планот за спроведување на едукација на избирачките одбори за повторените избори во овие четири општини, што исто така е законска обврска.
-Мора да ја поминат обуката од сертифицираните обучувачи, за таа цел, имаме определено седум обучувачи кои ќе ја спроведат едукацијата во четирите општини за секое избирачко мести и за секој избирачки одбор, објаснија Кондарко и членот на ДИК, Дитмире Шеху.
На седницата беа утврдени и локациите за билборди и рекламни паноа за пакети кои ги доставиле петте компании кои се пријавиле во ДИК за рекламирање на учесниците на изборите.
На денешната седница беше донесена и одлука за исплата на надомест на лица ангажирани за толкување со знаковен јазик во ДИК за локалните избори. На денешната седница беа разгледани седум точки на дневниот ред.
-ДИК навремено ги извршува сите подготовки за организација на повторените избори во четирите општини. И наредната седница ќе биде јавна, кажа Кондарко.
МИА
Ново на Сител
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
