ДИК: Избирачкиот список од утре на јавен увид
Во избирачкиот список кој од утре ќе биде ставен на јавен увид има 1.816.127 гласачи. Не се внесени 11.346 граѓани.
Ова беше соопштено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваше Извештајот за утврдување на состојбата со Избирачкиот список за негово ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври годинава.
Најголемиот број од лицата кои не се внесени во списокот, 7.017 немаат живеалишта, дел се избришани од подрачните одделенија по основ на смрт, нераспределнени има 1.418 лица и на 672 им е регистрирано поништено живеалиште, а како причини зошто овие лица ги нема во списокот се наведуваат и одземената деловна способност, отпуст од државјанство или избришани со акција за бришење.
Членот на ДИК, Виолета Дума истакна дека денеска презентираните бројки не се и конечната форма на Избирачкиот список.
- Сега започнува увидот за кој што граѓаните ќе бидат и јавно повикани и тие знаат дека можат да се пријавуваат, да има ново запишување, односно промени, да имаат бришење поради настапена смрт, рече Дума.
На прашањето на Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ дали бројката од околу 7.000 лица без живеалиште се нови лица или станува збор за бројка која е наследена од минатите години, му беше појаснето дека тоа се лица кои постојано се провлекуваат во извештаите кои ДИК ги добива од МВР. Овие лица, како што беше посочено, се лица без живеалиште во РМ, односно немаат лична карта, а во нивната патна исправа нема адресен податок во Македонија.
Субхи Јакупи смета дека постои можност меѓу 11.346-те лица кои не се внесени во Избирачкиот список да има и дел од оние кои беа спорни пред парламаментарни избори, а стануваше збор за бројка од околу 29.000 т.н. фантомски гласачи кои потоа повторно беа вратени во списокот.
- Одредбата беше само за тие избори, а сега на списокот повторно се вратени оние кои имаат право да бидат на списокот, а тие кои немаат право сигурно не се внесени во зависност од тоа дали имаат валидни документи - лична карта или патна исправа, вели Јакупи.
Увидот во Избирачкиот список за одржување на локалните избори на 15 октомври годинава ќе трае до 9 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден