ДИК ја потврди кандидатурата на Блерим Река за претседател на државата
Блерим Река и официјално е кандидат за претседател на Република Северна Македонија, откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) ја разгледа и потврди неговата поднесена листа.
– Листата за кандидат за претседател на Република Северна Македонија 2019 година за кандидатот Блерим Река, до Државната изборна комисија беше доставена на 19 месецов, а согласно одредбите од Изборниот законик, член 67 (став 1) Државната изборна комисија во законски утврдениот рок ја разгледа и ја потврди листата, со што Река е кандидат за претседател на Република Северна Македонија, соопшти ДИК по денешната седница.
ДИК треба да се изјасни и за кандидатурите на Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и на Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствена листа на кандидат за избор на претседател на државата.
На денешната седница на ДИК е усвоено барањето на Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ – Гостивар за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година.
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина

