ДИК треба да ги потврди претседателските кандидатури
Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април.
Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од коалицијата „Вреди“.
Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.
ДИК по приемот на листите на кандидати, ги проверуваше дали тие се составени во согласност со одредбите на Изборниот законик и проверуваше дали кандидатите за претседател ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции.
Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите беа должни податоците да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест.
Ако ДИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
Доколку се утврди дека во листата има одделни неправилности, ДИК ќе го повика овластениот претставник на подносителот на листата да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа од приемот на известувањето на комисијата за неправилностите.
Доколку неправилностите или пропусти се отстранети во законскиот рок, поднесената листа ќе се потврди со решение.
Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е долженсамиот да ги обезбеди доказите за исполнување на условите предвидени во член 7 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик.
Согласно Роковникот за изборни дејствија ако ДИК утврди дека листата е поднесена ненавремено, односно по истекот на рокот определен со овој роковник, поднесената листа ќе ја отфрли со решение во рок од 24 часа од нејзиниот прием.
Ако ДИК утврди дека констатираните неправилности или пропусти, подносителот на листата не ги отстранил во рокот од 48 часа, поднесената листа ќе ја отфрли со решение најдоцна во рок од 24 часа, сметајќи од истекот на рокот за отстранување на неправилностите.
Подносителите на листи или кандидатура можат преку своите овластени претставници да поднесат писмено барање за повлекување на листата односно кандидатурата во рок од 48 часа од донесување на решението за потврдување на конечните листи од согласно членот 67 став (5) од Изборниот законик.
Кога се работи за повлекување на кандидатската листа истата единствено може да се повлече во целост.
Во меѓувреме политичките партии и коалиции се подготвуваат за промоција и објавување на програмите на претседателите, но и на носителите на листи за пратеници за парламентарните избори на 8 мај.
Викедов вакви настани се најавени од СДСМ, која ќе одржи седници на Централниот и на Извршниот комитет и Конгрес, ВМРО-ДПМНЕ ќе има голем промотивен настан, ЗНАМ. . .
На партиите им остануваат 14 дена до почетокот на кампањата за претседателските избори, а течат и роковите за подготвување на листите за пратеници.
Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК. најдоцна до полноќ на 2 април.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре