Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта, без разлика на обидите за нејзин импичмент
Бразилската претседателка Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта и покрај обидите за нејзин импичмент, изјави таа во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, цитирана од ТАСС.
Во Бразил, како и во САД, не треба да се бара импичмент само заради ниската популарност на претседателот, бидејќи популарноста циклично се менува, изјави Русеф.
Таа забележа дека доколку ова се случуваше во европските држави нивните лидери ќе си имаа сериозни проблеми.
Ако беше поинаку сите претседатели, сите премиери во Европа, кои се судруваат со тоа што невработеноста достигнала 20 проценти, неизбежно ќе беа принудени да се повлечат со импичмент, бидејќи нивната популарност значително е опадната, појасни таа.
Одговарајќи на прашањето дали ќе остане на претседателската функција и покрај обидите за нејзино отстранување, Русеф одговори дека ќе се бори не за едноставно останување на функцијата, туку за да опстои демократскиот принцип на кој се темели политичкиот живот во Бразил.
Претседателката подвлече дека многу од политичарите, кои го бараат нејзиниот импичмент, биле обвинети за корупција
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари