Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како политичка партија основана врз темелите на Илинден и АСНОМ, ги истакнува транспарентноста, отчетноста и одговорноста како свои клучни принципи.
Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, оцени дека ЗНАМ воведува поинаков начин на политичко дејствување и комуникација со граѓаните.
По две години учество во извршната власт, партијата излезе со отчет за досегашната работа. Како што наведуваат од ЗНАМ, вкупно 42 функционери на централно ниво поднеле извештаи за својата работа, кои се јавно достапни.
„Не бараме од граѓаните само да ни веруваат. Им покажуваме што сме работеле, што сме направиле и за што сме подготвени да понесеме одговорност“, порача Димитриевски.
Од ЗНАМ велат дека остануваат посветени на политиката на нула толеранција кон корупцијата и дека довербата во институциите може да се гради преку јасна политичка и лична одговорност на носителите на функции.
„Функциите за нас не се најважни. Важна е работата што треба да се заврши и резултатот што треба да го добијат граѓаните“, истакна Димитриевски.
Тој посочи дека учеството на ЗНАМ во власта има и политичка улога, односно обезбедување стабилно и мултиетничко мнозинство, со цел, како што рече, државата да не се враќа кон модели на политички уцени и поделби.
Во однос на европските интеграции, Димитриевски повтори дека ЗНАМ се залага процесот да се одвива со јасно дефинирани услови.
„Решението е само едно: условени амандмани за членство во ЕУ – Македонија да стане полноправна членка, а амандманите да се применат дури тогаш, без какви било дополнителни уцени“, порача тој.
Од ЗНАМ најавуваат дека продолжуваат со теренската презентација на отчетот пред граѓаните. Процесот, како што посочуваат, треба да биде заокружен во декември, по повод три години од основањето на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Ново на Сител
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
