Димитриевски: Погрешно е Вреди да ја имитира ДУИ
Демократската унија за интеграции е веќе видена работа и минато, и затоа мислам дека е погрешно коалицијата „Вреди“ да ја имитира ДУИ, рече претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој вели дека граѓаните сакаат да видат политики за економски раст и развој на државата и да живеат во средена држава во која ќе има намалена на корупција, и оти веќе не се оптоваруваат со тоа кој какво знаме ќе вее или, пак, кој ќе биде поголем заложник за исполнување на одредени национални платформи и стратегии.
„Мислам дека нашиот партнер во власта, иако ЗНАМ е партнер со ВМРО-ДПМНЕ во оваа власт и во ниту еден момент ние немаме како политичка партија разговарано за каква било коалиција или заемна поддршка на централно ниво, сепак, тие се партнер на нашиот партнер, го почитуваме тоа, но, ќе мора да направат корекција на самите себеси“, рече Димитриевски.
Кога станува збор за случајот со претседателот на Собранието Африм Гаши, кој бил на свадба на Косово со службени возила, Димитриевски вели дека за тоа дознал од социјалните медиуми и дека ќе чека официјален одговор од надлежното Министерство, по што ќе даде свој коментар.
„Откако ќе го слушнам, ќе го дадам и својот став. Доколку возилото е користено за приватни потреби и семејни веселби, тоа е недозволиво. Во спротивно, ако вие вршите една таква висока функција во државата и ви следува обезбедување, извршено сѐ согласно протоколот, тогаш нема никакви пречки да се прави тоа. Но, сепак, оставам на официјалните надлежни државни институции да се произнесат по случајот, а потоа и јас ќе го дадам своето видување“, рече Димитриевски.
Ново на Сител
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?