Димитров-Бутарис:Комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење за довербата

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска оствари средба со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, на која разговарале за модалитетите за унапредување на соработката во повеќе области, вклучително и на локално ниво.
Соговорниците, како што информираат од МНР, се согласиле дека комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење во насока на зајакнување на взаемната доверба и разбирање.
На средбата, меѓу другото, станало збор и за прекуграничната соработка, како и за потребата од зајакната интеракција со фокус врз културата, образованието и невладините организации.
Ова е втора средба меѓу министерот Димитров и градоначалникот Бутарис за помалку од два месеци на која продолжија разговорите од Солун, за прашања од заеднички интерес, како и за можниот придонес на локалните власти во рамки на Мерките за градење доверба и зближување на граѓаните од двете земји, се вели во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
