Димитров: Добив уверување од Катругалос дека грчката Влада останува посветена на Преспанскиот договор

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, по денешната оставка на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, разговарал со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос од кого добил уверување дека грчката Влада останува посветена да ја заврши работата со Преспанскиот договор.
– Ја видов веста за министеро за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци Каменос кој ја напушти функцијата министер за одбрана. Имав веднаш потоа кратка коресподенција со мојот колега Јоргос Катругалос и добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор, рече Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Во таа смисла, дополни Димитров, мислам дека е покорисно да упатуваме порака оти е време двете држави, кои се соседни земји и споделуваат многу заеднички интереси, да го направат овој исчекор кон блиско пријателство, стратешко партнерство и идни сојузници, како нешто што можеби и порано требаше да го направиме.
Појаснувајќи го стапувањето во сила на Договорот од Преспа, рече дека во блиски консултации меѓи двете Влади и двете МНР е најден начин домашниот внатрешен процес и влегувањето во сила на уставните амандамни, кои зависат од тоа кога и како ќе се заврши работата од Парламентот во Атина, да биде усогласен со влегувањето во сила на Преспанскиот договор.
– Има начин и е многу важно и од аспект на нашиот домашен уставно-правен поредок и од аспект на влегувањето во сила Преспанскиот договор кој е меѓународен билатерален дговор тие две работи да се случат заедно. Да влезе во сила Преспанскиот договор заедно со двете ратификации од страна на парламентот во Атина и на договор и на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и има начин како тоа да се направи, рече Димитров.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
