Димитров: Договорите со Бугарија и Грција се пример за заедништво на дело

Договорите со Бугарија и Грција се примери за заедништво на дело. Ние, трите држави станавме „поголеми“ без промена на границите, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера на Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што се одржа во Вашингтон, на денот кога Северноатлантската алијанса го прославува 70-от роденден, и каде што е потпишан основачкиот Договор.
– За нас ова е посебен ден, бидејќи станува збор за прв состанок од ваков ранг, на кој, со подеднакво право на дискусија, учествува нашата држава.
Во вториот дел на состанокот, како што соопшти МНР, Димитров конкретно се осврна на долгогодишниот придонес на земјата во Авганистан, подготвеноста за поддршка на мисиите на НАТО за обезбедување одржлив мир и стабилност во Авганистан и Ирак, како и одреден финансиски придонес во фондовите.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на работната сесија му посака добредојде на министерот Димитров и уште еднаш потенцираше дека очекува што е можно побрзо заокружување на ратификациониот процес во сите држави.
– Ни претставува особено признание и задоволство што сите министри упатија искрени честитки за „заслуженото столче” на масата на сојузниците, рече во тој контекст Столтенберг.

Состанокот, од што произлезе заедничка изјава, беше посветен на споделувањето на одговорностите меѓу сојузниците, адаптабилноста на Алијансата кон новите закани за безбедноста и сигурноста на луѓето. Значително внимание беше посветено на „непредвидливата и предизвикувачка безбедносна ситуација“, особено константната опасност од тероризам, зголемената руска агресија и повреда на меѓународното право, сајбер и хибридните закани. Заеднички беше констатирано дека новите предизвици наметнуваат нов пристап кон безбедносните прашања, стои во соопштението на МНР.

Престојот на шефот на дипломатијата на Вашингтон беше заокружен со средби со неговите колеги од надворешни работи на Унгарија, Португалија и Полска.
Министерот на средбите се интересирал за ратификацијата на Протокол за НАТО, а предмет на разговор беше и поддршката од овие земји за почеток на преговори со ЕУ.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ја потенцирал нивната јасна позиција за започнување на преговори со Република Северна Македонија без одлагање. Вакви заложби споделија и останатите двајца соговорници на МНР Димитров. Со делегацијата на Полска се разговараше и за можноста за соработка и помош во врска со користењето на ЕУ фондовите, се наведува во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
