Димитров на Балкански донаторски форум
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествуваше на отворањето на Балканскиот донаторски форум организиран од страна на Фондацијата Отворено Општество и нивното претставништво во Република Северна Македонија, во соработка со неколку значајни донатори од Балканот.
Димитров, како што соопшти Министерството за надворешни работи, направи пресек на досега постигнатото, потенцирајќи ја евидентна промена на соработката помеѓу невладиниот сектор и Владата во изминатите две години. Тој додаде дека признавањето на важната улога на НВО секторот се ефектуира со непосредно и важно учество во реформскиот процес.
-Напредок има само тогаш кога грешките се откриваат, а потоа се коригираат. Создадовме поволно опкружување каде медиумите се послободни и повнимателни, луѓето се погласни, а граѓанскиот сектор е партнер во остварувањето на нашите европски цели и европските промени дома, истакна Димитров.
Теми на овогодинешниот Форум беа важноста на улогата и активностите на донаторите и локални филантропи, како и значењето на ЕУ фондовите и владините и приватни финансирања.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива