Димитров на средба со Могерини во Брисел
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска престојуваше во работна посета на Брисел каде што имаше средби со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, со генералниот директор за проширување, Кристијан Даниелсон, со европратениците Андреј Ковачев и Иво Вајгл и со шефот на Кабинетот на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, Мартин Зелмаер.
„Фокусот на разговорите беше ставен врз стратегијата и очекувањата дека таа ќе ја потврди реалната и достижна европска перспектива за Република Македонија и земјите од регионот. Соговорниците изразија задоволство од досегашните постигнувања на Владата и упатија охрабрувачки пораки за континуиран ангажман и зголемена видливост на резултатите од реформската агенда. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес Република Македонија да биде европски успех во 2018 година“, соопшти МНР.
Министерот Димитров ја истакнал потребата од мериторен пристап во евроинтеграцискиот процес и ја повторил важноста за брзо почнување на пристапните преговори со ЕУ, одлука што ќе ја зацврсти европската иднина на Република Македонија.
„Најголемата патриотска должност на нашата генерација е да успееме да го фатиме возот за ЕУ и да обезбедиме европска иднина, стабилност и просперитет на македонските граѓани“, истакна министерот Димитров.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари