Димитров во Куманово: Референдумот е за државата
Насекаде бев во Европа и по средбите сите велат нема поголем дипломатски и политички успех од тоа што успевате да го решите проблемот со Грција и Бугарија на начин што го заштитивме најважното, кои сме, каков јазик зборуваме, си најдовме клуч да ја отклучиме вратата во која бевме заклучени долги години, цела една генерација, рече министерот за надворешни работи пред кумановци на трибината насловена „Излези За европска Македонија“.
Државата, додаде, беше заробена и нагласи дека нема попатриотска должност да се острани пречката и да се оттргне тегот што не влече назад, како држава и нација.
- За година и нешто ќе влеземе во НАТО алијансата, Црна Гора влезе лани во јуни, дуплирани и се инвестициите од НАТО државите, рече Димитров.
Треба да се среди државата и да тргнеме напред, порача Димитров, ослободени од страв и немоќ. Во минатото, вели, се обвинувале соседите, Бугарите, Грците, за да се сокрие сопствениот кукавичлук, но, потенцира, од нас зависи каква ќе биде државата за пет и десет години.
- НАТО значи оваа држава е тука да остане во овие граници. За Макдонија значи да не има во овие граници, да не се чудиме дали ќе не биде, рече Димитров.
Со мудра политика идната година, додаде, треба да почнат преговорите и ќе има фондови. Тој потсети дека реконструкцијата на канализациската мрежа е извршена со европски пари, делницата кон Миладиновци е изградена со европски средства.
- Ќе има фондови. Ќе има мониторинг како ни оди и ќе мора судовите, обвинителите, Владата да биде поефикасна, рече Димитров.
Референдумот не се однесува ниту на партии, ниту на Владата, туку се однесува за иднината на државата, истакна Димитров.
Македонци сме и зборуваме македонски јазик и го афримираме во документите на ЕУ, додаде Димитров.
Тој на кумановци им порача дека изборот е едноставен, напред, храбри, исправени и со мисла каква Македонија сакаме или ќе се вратиме назад во чекалната со незивесност дали и кога ќе ја има следната шанса. Тој постети дека голем број држави во ЕУ. Доаѓањето на лидерите и претставници на европските држави, посочи Димитров, значи дека и даваат поддршка на Македонија.
- Можеме реално да ја дуплираме вработеноста во Куманово, за неколку години, рече Димитров и ги повика граѓаните да гласаат на референдумот, за како што истакна да ја биде Македонија.
Пред кумановци зборуваа и претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кои ги повикаа кумановци да гласаат „За“ на референдумот за европско Куманово, европска Македонија.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ