Димитров во работна посета на Данска

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваше во работна посета на Кралството Данска во рамки на регионалната посета на нордиските земји.
Како што соопшти МНР, на средбата со неговиот дански домаќин, министерот Андерс Самуелсен, Димитров му ја пренел подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за заживување на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.
- Димитров се осврна на клучните реформски приоритети, насочени кон подобрување и продлабочување на добрососедските односи со земјите од регионот, усвојувањето на Планот 3-6-9, владеењето на правото и независност и на институциите, се наведува во соопштението од МНР.
Министерот Самуелсен ги поздравил напорите на новата македонска Влада во насока на спроведување на неопходните роформи како основа за постигнување на многу потребниот напредок на патот на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија.
- Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие стратешки цели, посочил Самуелсен.
МНР информира дека двајцата министри ја споеделиле и подготвеноста на двете земји за унапредување на политичкиот дијалог и зголемување на динамиката на билатералните односи, а во разговорот биле разменети мислења и за други прашања поврзани со современите предизвици.
Во рамки на посетата, министерот Димитров остварил средба и со членови на парламентарната Комисија за европски прашања во данскиот Фолкетинг, на која била реафирмирана потребата за интензивирање на соработката меѓу двата парламента.
Исто така, шефот на македонската дипломатија дал интервјуа за Јиландпостен и Берлингске, два од највлијателните дневни весници во Данска.
Министерот Димитров во рамки на турнејата по нордиските земји, утре ќе ја посети Шведска, следниот ден Финска, а ќе заврши со Норвешка во петок.
Ново на Сител
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
