Димитров: Во Рига формирана Парламентарна група за пријателство со Македонија
Во рамките на регионалната посета на Балтичките земји шефот на македонската дипломатија Никола Димитров престојуваше во Република Латвија, каде оставри средби со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевич, со министерот за одбрана Раимондс Бергманис, како и со потпретседателот на Парламентот на Латвија Инесе Либина Егнере.
Како што соопшти МНР, на средбата со министерот Ринкевич, Димитров ја претстави одлучноста на Владата да ги реализира неопходните реформски активности со цел Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО.
- Ние не само што не се плашиме од строги стандарди, туку и ги поддржуваме како неопходен услов за подобрување и засилување на нашите институции. Евроатланската интеграција стимулираше стабилност и просперитет во Балтикот, што треба да служи како пример и инспирација и за Балканот, потенцирал Димитров. Исто така, тој го информирал латвискиот колега и за активностите преземени во функција на суштинско унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Министерот Ринкевич, се наведува во соопштението, ги поздравил и дал отворена поддршка за реформските политики на Владата, истакнувајќи дека Латвија принципиелно и со засилен интензитет ќе продолжи да ги поддржува напорите на Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО. Од страна на Република Латвија постои и волја и подготвеност за поддржување на македонското членство во ЕУ и НАТО, нагласил Ринкевиќ. Показател за тоа е, посочил, и формирањето на нова Парламентарна група за пријателство со Македонија која ќе помогне во продлабочувањето на конструктивната соработка меѓу двете земји.
Новата Парламентарна група за пријателство е конкретен показател за искрената поддршка за Република Македонија која на Димитров му ја пренесе и потпретседателката на Парламентот на Латвија, Инесе Либина Егнере, на средба во латвискиот Парламент. Таа изрази и спремност за засилување на соработката помеѓу парламентите. Силна поддршка за Република Македонија дојде и од Лолита Чигане - претседавач на Комисијата за европски прашања според која “македонското општество е цврсто и издржливо дури и во време на кризи. Македонија заслужува позитивен фидбек, кој може само да го охрабри продолжувањето на потребните реформи.”
Воедно, таа додаде дека балтичкото искуство е доказ за позитивното влијание на ЕУ и изрази надеж дека таква улога ЕУ ќе игра и на Балканот.
На реномираниот „Латвиски институт за меѓународни работи“ во рамките на експертската дискусија министерот Димитров се осврна на предизвиците на Република Македонија со кои се соочува на патот до ЕУ и НАТО.
Шефот на македонската дипломатија за време на дводневната посета на оваа балтичка земја, даде интервјуа за ЛТВ1 - националната ТВ на Латвија, ТВ24 и латвиското национално Радио. Регионалната балтичка турнеја завршува утре со работна посета на Литванија, стои во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување