Димитров во Софија на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во Софија во организација на бугарското претседателство со Европската унија.
Домаќин на состанокот е бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, а на него ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на 28. земји-членки на ЕУ, како и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
На состанокот ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој заедно со Димитров учествува во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името.
Постои можност двајцата министри повторно да се состанат во Софија, по речиси шестчасовните преговори во Виена во вторникот под покровителство на медијаторот Метју Нимиц, од кои и грчката и македонската страна не изнесоа детали за разговараното.
Состојбата во Западен Балкан, со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и Северна Кореја, ќе бидат темите на кои ќе се дискутира на сесиите на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија (Гимних).
Овие состаноци се неформални, а учесниците имаат можност да дискутираат за актуелни прашања, но по дебатите не се усвојуваат декларации или формални заклучоци.
Димитров и Захариева вчера во Софија потпишаа Протокол за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Шефот на македонската дипломатија вчера во Софија имаше и одвоени средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев и премиерот Бојко Борисов.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
