Димовски: Изборниот модел останува ист, дијаспората ќе има пратеници
Изборниот модел останува ист со шест изборни единици со по дваесет пратеници, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарски прашања.
- Финансирањето на политичките партии е решено прашање уште пред една недела. Значи, максималниот праг којшто ќе може политичките партии да го искористат за финансирање на изборната кампања ќе е 110 денари. Тука би сакал да потенцирам дека досега во историјата на Македонија ниту една партија не го искористила тој максимум и ова прашање беше затворено пред една недела и апсолутно не беше тема на дискусии во последната недела, рече Димовски.
Договорено е дијаспората да има свои пратеници и тие ќе се избираат на пропорционален модел како и во Македонија.
- Односно, ќе има една изборна единица која ќе се бира три пратеници со потребен минимум на гласови колку што е и во Македонија, некаде околу 6000 и нешто гласови за да се избере еден пратеник, но ќе се бираат сите три на една листа, рече Димовски.
Во врска со Државната изборна комисија посочи дека во одредени случаи, во насока на заштита на интересите на заедниците, по претходно барање ДИК, наместо со апсолутно мнозинство, како што е генерално правило, по барање на немнозинските заедници ќе има обврска да гласа консензуално.
- Ако не донесе ДИК одлука заради неможноста да се постигне консензус, тогаш надлежен за таквата одлука е Управниот суд, додаде Димовски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација