„Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти“ - Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево.
На прес конференција во владиниот прес-центар, министерот Сулејмани посочи дека за овој проблем Министерството е во процес на собирање информации.
- Јас како министер за култура и туризам, односно ние како Министерство сме надлежни да ги браниме сите артисти и сите културни работници. Пред себе имаме еден случај кој навистина е чувствителен, но ќе видиме со правните служби како ќе може понатаму или со некоја законска измена да дејствуваме, бидејќи во овој момент има законско право за изнајмување, но директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти, треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Проблемот е нов, снимано е порано, а јас се уште немам детални информации и сме во процес за да го решиме проблемот. Ќе обезбедам дополнителни информации и ќе видиме што понатаму, одговори министерот Сулејмани на новинарско прашање за снимањето на спот во крушевскиот „Македониум“.
„Македониумот“, кој е заштитено културно наследство на државата, за сума од 500 евра бил отстапен на продукцијата на косовскиот рапер Дон Џони за снимање на делови од спотот за неговата песна „Секси мама“.
МИА
Ново на Сител
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
