-->
-->
Директорот на театар се забил во бетонски ѕид - Починал на лице место
-->
Робeрт П. (40) од Куманово, директор на Центарот за култура во Куманово, загина утринава во страотна сообраќајна несреќа што се случи на булеварот Трета МУБ во Куманово.
Според МВР, со него во возилото биле уште четири жени, при што И.М.(26) и И.Б.(29) се здобиле со сериозни повреди и итно се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, додека Ц.В.(40) и М.М.(34) се задржани на лекување во Кумановската болница.
Сообраќајката се случила ноќеска 1 часот по полноќ, кога возило цубару импреза, со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Роби, од непознати прилини излетало од патот и удрило во бетонски ѕид, пред поранешниот Дом на АРМ.
Возачот се здобил со фатални повреди и починал на лице место. Увид на лице место извршиле екипи на ОЈО и СВР Куманово, по што ќе се утврдат причините на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
