Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20. 930,922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797,055 луѓе.
– Во Косово вчера се регистрирани осуммина починати, 193 новозаболен и 205 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.988. Од нив починале 373, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 6.616. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.999 лица. Вчера се извршени 491, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.627 тестирања.
Во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седумте регионални болници во земјата моментно се третираат 589 пациенти за кои постоело сомневање дека се заразени од Ковид-19, а кај 448 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба.
– Во изминатите 24 часа забележани се рекордни 180 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, а бројот на активни случаи во оваа земја е 811. Од нив, 115 пациенти се на болничко лекување, од кои 10 се на респиратот. Во последното деноночие почина едно лице.
– Вкупниот број дијагностицирани случаи во Бугарија достигна 13.893 откако во последните 24 часа потврдени се нови 171 случај на коронавирус. Во моментов активни се 4.932 случаи, од кои хоспитализирани се 834 пациенти, а 63 се на Одделите за интензивна нега.
– Кина денеска пријави 19 нови случаи на вирус, шо е помалку од претходниот ден кога имаше 25. Од новозаразените, 11 се увезени. Од почетокот на пандемијата во Кина се дијагностицирани 84.756 лица, од кои 4.634 починаа.
– Во Словенија се потврдени 29 нови случаи, со што од почетокот на пандемијата се дијагностицирани вкупно 2.332 случаи на инфекција, а во моментов активни се 193.
– Во иран уште 174 лица починаа од коронавирусот, а потврдени се нови 2.625 случаи. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата надмина 19 илјади, а заразени се 336.324 лица.
– -Министерството за здравство на Кипар соопшти 14 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.305 лица.
-Во Грција се регистрирани 204 нови случаи на Ковид-19, а освен зголемениот број новозаболени, зголемен е и бројот на смртни случаи. Во изминатите 24 часа починаа пет лица.
Од почетокот на епидемијата е регистриран вкупно 221 смртен случај и 6.381 заразени лица.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево