Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП.
Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од годината.
-Просечно интервенции на ИМП во врска со колапси има меѓу три и пет дневно, но во некои денови има и повеќе. Има повеќе повици кои се со симптоми на лошење, гадење, прегревање на телото, топлотен удар и многу често успеваме и со совет да им помогнеме на граѓаните, рече Георгиевски.
Потенцира дека кај хронично болните поради топлото време може да има кардиолошки манифестации, срцеви и мозочни удари и варирање на крвниот притисок.
-Препорачуваме од 11 до 17 часот да се избегнува директно изложување на сонце, да се консумираат доволно течности, најбитно вода, да не се консумира алкохол, ако мора да се излезе надвор да се носи полесна облека и капа на главата. Ако после подолго време изложеност на сонце се почувствуваат симптоми на вртоглавица, гадење, малаксаност треба да се влезе во климатизирани простории и да се консумираат повеќе течности. Потребно е да се внесува полесна храна, готвена храна, со помалку калории, хронично болните редовно да ја земаат терапијата и да го мерат крвниот притисок, а дијабетичарите да го мерат шеќерот во крвта. За жал одредена популација не ги применуваат препораките за топлото време, додаде Георгиевски од ИМП.
МИА
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
