До 13 часот излезеноста во дебар 15 отсто, a во Центар Жупа 20 отсто

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми и споредено со утринските часови излезеноста се зголемува, потврдуваат од Општинсите изборни комисии.
Според Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија во Дебар до 13 часот своето граѓанско право го искористиле 3.500 гласачи или 15 отсто.
Излезноста на гласачите споредено со локалните избори во 2013 година е помала за 7,8 отсто.Излезноста тогаш била 22,8 отсто.
Во оваа општина, во единствениот избирачки список запишани се 18.406 граѓани со право на глас,или 1.458 гласачи повеќе споредено со претходнте локални избори. Се гласа на 27 избирачки места.
Во општина Центар Жупа, според Еран Зубер,претседател на ОИК, гласале 1.344 гласачи или 20 отсто,што е помала излезност за 18,3 отсто.Излезноста тогаш била 38,3 отсто.
Во единствениот избирачки список во општината запишани се 6.810 гласачи,или 500 гласачи повеќе споредено со претходните локални избори. Се гласа на 16 избирачки места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
