-->
-->
До 13 часот во Куманово гласале 23,07 отсто граѓани
-->
Излезноста во Куманово до 13 часот, според податоците на ОИК Куманово, е 23,07 проценти, соопшти претседателот на ОИК Звонимир Николовски.
Во Куманово право на глас на шестите локални избори имаат 92.639 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.
Во општина Липково, до 13 часот според податоците на заменик претседателот на ОИК Оливера Цветковска гласале 3.850 гласачи или 15.36 проценти. Според неа, гласањето се одвива непречено.
Во оваа општина право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Во општина Старо Нагоричане до 13 часот гласале 27,6 проценти. Вкупно во оваа општина право на глас имаат 3.428 гласачи кои гласаат на 37 избирачки места, соопшти заменик претседателот на ОИК, Иван Ангеловски, кој додаде дека гласањето се одвива без какви било проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол