До 25 декември поднесување барања за поддршка на органското производство
До 25 декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органско производство, како и за аплицирање за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.
Според Платежната агенција, барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Во однос на органското производство, може да се аплицира за Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло, Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло, Стручна контрола и сертификација, како и Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи во почва и во органски производи во 2017 година.
Детални информации може да се добијат во подрачните единици на МЗШВ и на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога