Бизнис
14. December 2017 - 14:39

До 25 декември поднесување барања за поддршка на органското производство

До 25 декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органско производство, како и за аплицирање за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.

Според Платежната агенција, барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Во однос на органското производство, може да се аплицира за Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително  доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло, Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло, Стручна контрола и сертификација, како и Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи во почва и во органски производи во 2017 година.

Детални информации може да се добијат во подрачните единици на МЗШВ и на веб страницата www.ipardpa.gov.mk