До 30 септември аплицирање за стипендии за старотурски јазик

Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува заинтересираните да го запазат крајниот рок, 30 септември, за аплицирање на конкурсот за доделување 20 целосни стипендии за македонските државјани кои ќе се одлучат да се запишат на додипломски и постдипломски студии за изучување на старотурски јазик на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии во академската 2016/17 година.
- Досега се пристигнати три апликации, но со оглед на тоа што во изминатиов период бројни заинтересирани кандидати комуницираа со МОН, апелирам да внимаваат на крајниот рок, да се пријават и да ја искористат ретката можност што ја нуди државата за бесплатно студирање и гарантирано и брзо вработување на специфично работно место преку кое ќе помогнат во проучувањето на бројни факти за нашата историја. Доволно е да бидат запишани на некој од факултетите каде има студии за изучување на старотурски јазик во академската 2016/17 година, да приложат потврда до МОН и да си обезбедат стипендија, рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека станува збвор за конкурс кој се објвува веќе трета година, чија цел е да се создаде кадар од исклучителна важност за државата што ќе врши превод, толкување, анализа и обработка на голем број стари документи, ретки ракописи и материјали кои ги има во македонските, но и во странските достапни архиви, како и во библиотеките и имотните книги, а кои се напишани на старотурски јазик.
- Преку досега објавените конкурси доделивме вкупно девет стипендии и тоа четири за додипломски и пет за постдипломски студии на Софискиот и Сараевскиот универзитет. Сите студенти одлично напредуваат, а двајца од нив веќе подготвуваат магистерски тези, што значи во најкусо време очекуваме да магистрираат и веднаш да бидат работно ангажирани во Државниот архив, Институтот за национална историја, МАНУ и слични институции, рече Ристовски и нагласи дека годинава се очекува да има и стипендисти кои ќе учат на Истанбулскиот универзитет.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
