До крајот на денот нестабилно со пороен дожд во источните делови од земјата
УХМР најавува дека до крајот на денот времето на места, претежно во источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град, додека во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно.
Утре претпладне, според УХМР, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Како што наведува УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци