До три метри снег во Хрватска – војската на терен
Војската на Хрватска веќе втор ден работи на расчистување на снегот во повеќе региони каде што висината на снегот на места достигна и до три метри. Сообраќајот се одвива отежнато во Лика, Горски Котар, на Приморјето и во централните и северозападните делови на Хрватска. Во Горски Котар висината на снежната покривка е рекордни три метри.
Жителите од Делнице се жалат дека приземните куќи се целосно затрупани со снег. Војската во тој дел од земјата работи без прекин од вчера.
Вечерва ги посети и министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој порача дека 160 војници остануваат додека е потребно.
Во повеќе училишта денеска немаше настава.
Според метеоролозите ваквата состојба ќе биде уште полоша со најава за снежни врнежи и многу ниски температури.
На помош на војската во Суњ од вечерва им се приклучи и полицијата, кои ги пробиваат затрупаните патишта до куќите на постарите жители во општината.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура