Добила отказ зошто била преубава: Кога ќе ја видите ќе сфатите
Ема Хулс (24) тврди дека на работа во локална телевизија заминала за да ја одработи својата осумчасовна смена, но од таму и кажале: "Би требало да бидеш на модните писти".
Ема тврди дека во Лондон добила отказ во "Сохо ТВ проукција" само затоа што била преубава.
Оваа 24-годишна девојка објаснила дека отказ добила само пет минути откако пристигнала на работа.
- Само што стигнав на работа менаџерот почна да ми објаснува што треба да работам. Ми рече дека сум слободна да си одам а веднаш потоа ми се јави и ми кажа дека не сум веќе потребна на фирмата. Кога се вратив да видам за што станува збор и да разговарам со мојот шеф, ме дочека прашањето "Дали си ти модел", "Зошто не работиш на модните писти и не се сликаш за насловни страни", а потоа ме покани да излеземе на пијачка - раскажала Ема за Мирор.
Од фирмата се изјасниле за инцидентот и објасниле зошто Ема добила отказ.
Сопственикот Адам Лаквил, рекол дека на Ема не и продолжен договорот откако поминал 3-месечен пробен период.
- Не сме задоволни од многу работи поврзани со нејзе. Пронајдовме и некои работи кои ги работи а не се во склад со политиката на куќата - објаснил тој.
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК