Доделена наградата за најчитан македонски автор во бибиотеките во Македонија

Авторите Коста Петров и Марија Јаневска се добитници на наградата најчитан македонски автор во 2015 година која од оваа година традиционално ќе ја доделува НУБ „ Св. Климен Охридски“, во рамките на манифестацијата „Ден на читетелот“ посветена на читателите на Македонија.
Наградата ја доделува жирито во состав Јовица Тасевски претседател, Милош Линдро, Блаже Миневски и Владимир Илиевски, членови, кои според бројот на регистрирани позајмувањa и пројавениот интерес на корисниците во јавните библиотеки во Република Македонија, утврдиле дека најчитани автори се Петров и Јаневска.
Петров е автор на книгите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Се гледаме на нашето последно кафе“, а Марија Јаневска на „Белешките на Лајла Грејс“ и „Карма“, сите објавени во издавачкиот центар „Три“.
Според младата авторката Јаневска наградата е плод на љубовта кон пишувањето, а таа љубов, како што рече, е возвратена од читателите, кои на средбите и кажуваат дека се пронашле во нејзините книги. Марија во моментов подготвува роман со наслов „Ничија“ кој наскоро треба да биде објавен.
По доделувањето на наградите во НУБ се одржа трибина со претставници од повеќе библиотеки на тема за привлекување на читањето до граѓаните. Модераторот на трибината Блаже Миноски порача дека е потребна општествена акција за привлекување на читателите бидејќи, како што рече, со дигитализацијата се повеќе се губат читателите на пишуваните книги.
- Библиотеките не треба да размислуваaт само да ги собираат книгите, односно да ги имаат најновите книги, туку треба и да ги пласираат до читателот. Нашите библиотекари треба повеќе да се едуцираат да бидат некој вид продавачи на книги, истакна Миноски.
Според него, библиотеките треба да размислуваат маркетиншки, а не, како што рече, само да седат позади пултот и да чекаат некој да дојде да побара книга.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
