Доделена првична помош за семејството од Луке чиј дом изгоре до темел
Општина Крива Паланка, Општинската организација на Црвен крст и повеќе хумани граѓани и правни лица му доделија првична помош на семејството од село Луке кое остана без покрив над главата откако синоќа во голем пожар до темел изгоре нивниот дом.
Старата куќа во која живееше семејството Аврамовски, едвај преживувајќи од социјална помош, изгоре до непрепознатливост.
Тим од општината, предводен од градоначалникот Борјанчо Мицевски, претседалката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, од ОО Црвен крст и хумани граѓани ги посетија луѓето кои бараат каква било помош бидејќи буквално се што имаа, замина во неповрат проголтано од пламените јазици.
– Несреќата што ги снајде овие наши сограѓани е голема, а како општина првично превземавме иницијатива со Советот и Црвениот крст да набавиме намирници, потребни неопходни средства за ублажување на состојбата. Денес ги посетивме, доставени им се пакети храна, облека, обувки, хигиенски средства, а во координација со директорот на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Дане Петровски, кој исто така беше на терен со нас, привремено ги сместивме во подрачното училиште во селото Луке. Пакети доставија и повеќе хумани граѓани и компании, „Воденица 3″ и „Селект кафе”, а во текот на утрешниот ден вработени во Јавното претпријатие „Комуналец” со градежна механизација ќе ја расчистуваат опожарената локација, информира градоначалникот Мицевски.
Во пожар кој избувна синоќа и гореше до раните утрински часови денес, до темел изгоре семејната куќа на Р.А. од селото Луке, Кривопаланечко. Станува збор за четиричлено семејство со две малолетни деца од 10 и 14 години.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка