Доделување на наградите за младинско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско учество денеска во Сули-ан ќе одржи свеченост по повод доделувањето на Годишната награда за младинско учество.
Наградата, според организаторите, има цел да се оддаде признание и да се одбележи работата на млади поединци и неформални групи, кои преку своето дејствување во изминатата година имаат покажано посветеност, која служи како пример, за подобрување на животот во нивните заедници и во општеството, во целина.
Покрај доделување на наградата, преку тематските катчиња, кои ќе бидат поставени низ просторот на Сули-ан, заинтересираните млади луѓе и организации ќе имаат можност да ги претстават своите тековни активности и иницијативи и да ги охрабрат останатите да бидат активни.
На свеченоста предвидено е обраќање на директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, претставници на Советодавниот совет за млади при Советот на Европа и Европскиот младински форум, како на и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.
Ново на Сител
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
