Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска повтори дека РС не може да се откаже од своите ставови.
Тој објави резиме од изминатата недела на социјалната мрежа Икс со порака дека „РС не може и нема да се откаже од своите позиции“, додавајќи дека РС е целосно посветена на мирот и стабилноста, како и на целосно почитување на Дејтонскиот мировен договор“.
„Постојано го повторуваме тоа, бидејќи ниту една наша акција нема да биде насочена кон нарушување на мирот.
Наше право е да користиме политички средства за да укажеме на обидите на Сараево да воспостави неуставна и унитарна држава“, нагласи тој.
Додик наведе дека разговарал и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ, кои потврдиле дека „Србија силно стои со Република Српска“.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда