Договор за културна соработка меѓу Македонија и Полска
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзината колешка од Полска Малгожата Омилановска денеска потпишаа нов договор за културна соработка.
- Полска е искрен пријател и голем поддржувач во нашите евроатлантски интеграции. Македонија и Полска имаат извонредна и плодна соработка во областа на културата, која резултираше со огромен број проекти, рече Канческа-Милевска по потпишувањето на договорот.
Изминатите години, како што рече, преку полската култура и присуството на полските уметници имавме можност да проследиме извонредни концерти во Македонија. Потсети на концертот на Пендерецки на „Охридско лето“, додаде дека Македонската филхармонија соработува со полски уметници, а уметници од Полска учествуваат и на Струшките вечери на поезијата.
- На денешната средба ја констатиравме добрата институционална соработка во областа на културата. МНТ соработува со еден од најзначајните театри во Полска. Темата на претствата е егзодусот на македонските деца. Ќе бидат вклучени 15-тина актери од Македонија и исто толку од полскиот театар, рече Канческа-Милевска.
Министерката за култура информира за истражувањето кај локалитетот Градиште кај Неготино. Станува збор за заеднички, меѓународен проект на Археолошкиот музеј, Институтот од Полска и Институтот од Валенсија. Додаде дека имаат поддржано неколку издавачки куќи од Полска кои преведуваат македонски дела на полски јазик, како делата на Гоце Смилевски, Лафазановски...
- Македонија е многу важен партнер во културата за Полска. Реализираме проекти во сите области на културата. Денешниот договор е само основа која треба да се исполни со уметници и режисери кои во иднина ќе ги реализират проектите, рече Омилановска.
Таа денеска на директорката на Музејот на современа уметност во Скопје, Елиза Шулевска ќе и врачи одликување за заслуги за полската култура.
Омилановска ќе ја посети постојаната поставка и делата од најзначајните полски автори, што во чест на делегацијата ќе бидат изложени во фоајето на Музејот.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно