Договорен брак заврши трагично: Албанка брутално убиена, вереникот се сомневал дека не е девица

Арбен Реџа (32), Албанец од Лондон, минатата недела е осуден е на 10 години затвор поради убиство во состојба со намалена пресметливост. Реџа на крајот од јануари 2016-та година, практично и ја отсече главата на својата вереница Елидона Демирај (25) бидејќи се сомневал дека не е девица.

Елидона дошла во Лондон откако нејзиниот брак со Арбен Реџа (32) бил договорен во Албанија. Започнале да живеат заедно во неговиот стан во северен Лондон, три месеци пред бруталниот напад.
Елидона е убиена токму во тој стан, а сцената која полицијата ја затекнала најблаго речено била хорор- на креветот лежело мртво тело на млада жена со дури 27 рани од нож на вратот и модрици на телото.

Истражителите утврдиле дека Елидона имала стари рани и лузни од убоди, поради што полицијата се сомневала дека злоставувањето траело подолго време.

-Ја пративме како невеста, сега ни ја враќаат мртва. Тој целосно ја изолираше во тие три месеци и не и дозволуваше да запознае други луѓе. Елидона беше модерна девојка, многу пристојна и примерна. Сите ја сакаа и почитуваа, на училиште, на работа, секаде, изјавија на судењето нејзините родители.

Реџа сам повикал полиција кобниот ден и раскажал што се случило.
Ново на Сител
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
