Договорена обнова на прекинот на огнот во Алепо
Договорениот прекин на огнот и евакуација на цивилите и бунтовниците во последните делови на источниот дел на Алепо, што се што под бунтовничка контрола, одново стапи во сила, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на бунтовничките сили.
Обновата на примирјето ја потврди и либанското шиитско движење Хезболах, чии припадници се борат на страната на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад, кое соопшти дека по интензивни преговри било договрено „повторно консолидирање“ на прекинот на огнот, со цел да се овозможи евакуација на вооружените бинтовници од источните делови на Алепо „во следните часови“.
Обновувањето на примирјето доаѓа само 24 часа откако претходниот договор за прекин на огнот пропадна, а борбите продолжија со несмалена жестина.
Според првичниот договор, бунтовничките сили и цивилите требаше да почнат да се извлекуват од тоа подрачје вчера во раните утрински часови, но договорениот прекин на огнот не се успеа да се одржи.
Претставници на бунтовничките сили за Би-Би-Си изјавиле дека евакуацијата од источните делови на Алепо ќе започне „во наредните часови“.
За ваквите најави засега нема потврда ниту од страна на сириската влада во Дамаск, а ниту од Русија.
Со овој обновен договор за повлекување на бунтовниците и на цивилите од последното бунтовничко упориште во источен Алепо, треба да бидат опфатени и две села во северозападна Сирија, кои подолго време се наоѓаат под опсада на бунтовничките сили.
Би-Би-Си тврди дека сириската Влада и Иран инсистирале оти може да има евакуирање од Алепо, само доколку се обезбеди евакуација и на овие две села.
Во делот од Алепо од каде треба да се изврши евакуацијата се тврди дека имало околу 50.000 цивили, но таа бројка не може независно да биде потврдена.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси