Свет
1. September 2016 - 12:21

Дојава за бомба во авион на белоруска компанија

Компанијата „Белавиа“ од Белорусија денеска откажа лет од Минск до Милано поради дојава за бомба, пренесе Танјуг.

- Непознат маж повика од локален телефон и пријави бомба во авионот, изјави портпаролот на полицијата во Минск Александар Ласовски.

Летот Б-2-881 којшто беше закажан за 11:50 часот, е одложен на неодредено време.

Прес-службата на аеродромот се уште не ја потврди оваа информација.