Дојави за подметнати бомби на Универзитетот на Црна Гора и во средно училиште во Улцин
Во Црна Гора денеска има нови дојави за поставена бомба во средно училиште во Улцин и во Универзитетот на Црна Гора.
Поради дојавата за бомба пристигната на електронската пошта на Универзитетот евакуирани се зградата на Ректоратот и техничките факултети.
Црногорската полиција соопшти дека презела сите мерки.
Средното училиште во Улцин и вчера на електронската пошта доби дојава за поставена експлозивна направа, при што биле евакуирани учениците и наставниците. Додека кога пристигнала денешната дојава учениците не биле во училиштето, но полицијата го пребарува објектот.
Изминатиот период црногорските училишта добиваа повеќе дојави за поставена бомба. Досега специјалните полициски единици немаат пронајдено експлозивни направи во образовните институции.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
