Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта
Неколку средни училишта во Сараево утрово добија дојави за поставени бомби, а училиштата кои ги добија пријавите се евакуирани за да можат припадниците на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево да извршат увид во просториите и да утврдат дали пријавата е лажна.
Како што објави порталот Кликс. ба (Klix. ba), ова е четврта недела по ред како дојави за бомби пристигнуваат во училиштата во Сараево, а полицијата истовремено апси осомничени.
Наставата во евакуираните училишта продолжува вообичаено, како и претходниот месец, и покрај тоа што родителите се незадоволни од таквиот начин на работа.
МУП на кантонот Сараево досега уапси најмалку 12 средношколци осомничени дека испраќале пријави за подметнати бомби, а според неофицијални информации осомничените се познаваат, па се смета дека се виновни и за лажни пријави во други градови.
Неколкумина уапсени се задржани во притвор, а против сите уапсени се поднесени кривични пријави. Кликс. ба наведува дека сите уапсени се малолетни, освен едно лице.
Се сомнева дека причина за масовните лажни тревоги е детската забава и интоксикација.
Ново на Сител
-
Во зајакната акциска контрола во Скопје полицијата открила 96 сообраќајни прекршоци од кои 41 за брзо возење
-
Таравари ги посети пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во Истанбул
-
Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина
-
Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
-
15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник
-
Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
-
Приведени двајца велешани, краделе во подрум во Струмица и го нападнале сопственикот
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид