Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка

Голем број училишта во повеќе хрватски градови низ земјата денеска добија пријави за закани со бомби, слични на оние што ги добиваат училиштата во земјите од Европска Унија, а медиумите неофицијално јавија дека заканите иле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.
-Имаше 85 вакви пријави, а полициските службеници досега исклучија 60 училишта, така што наодите се негативни. Серверот е надвор од Хрватска и во тек е криминалистичко истражување, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ.
Во истрагата вклучени се експерти по кибербезбедност и Европол.
Покрај исламистички закани, во електронската пошта има и најави за одмазда, а полицијата тврди дека нема причина за паника.
Полицијата исто така соопшти дека постапката во сите училишта е спроведена според утврдени протоколи, сите училишта се евакуирани, просториите се детално проверени, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
