Докиќ: Околу една третина од македонското население има алергија
Околу една третина од македонското населние има некаква форма на алерија, што е огромен проблем за нашето општество и за здравствениот систем, смета проф. д-р Дејан Докиќ од Универзитетската Клиника за пулмологија и алергологија.
На првиот симпозиум на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија што викендов се одржува во Струга, Докиќ, кој е и претседател на Здружението, нагласи дека во 21. век алергиите ги има се повеќе.
- Светската здравствена организација го прогласи 21-то столетие за столетие каде во епидемиолошки размери ќе царуваат алергиите. Најчести алергии се на носот, очите, алергиската астма, но да не ги заборавиме и проблеми со кожата, уртикарија, егзема, атописки дерматитис, алерија на храна, лекови, убод од инсекти..., истакна Докиќ.
Директорката на Клиниката за пулмологија и алергологија, Бисерка Јовковска-Ќаева истакна дека во овој период на Клиниката имаат најмногу работа со заболените од астма и алергии, што е и главна тема на симпозиумот.
- Астмата и алергиските заболување ги полнат нашите амбуланти секојденво, особено пролетниот и летниот период кога имаме огромна експанзиција со алергени. Клиниката за пулмологија и алергологија успешно ги лекува за што имаме и соодветни услови, најсовремена апаратуа и кадар, кој се носи со сите овие проблеми, рече Јовковска-Ќаева.
На Клиниката, според неа, најчесто се среќаваат со астма и алергискиот ринит, но правилната дијагноза и третмат значително го подобруваат квалитетот на живот на болните.
- Бројката на болни од ден на ден расте. Живееме во еден современ свет изложени на бројни алергени. Нивната правилна дијагностика многу значи и за болниот, но и за општеството, бидејќи симптомите на еден болен со астма не значи само проблем за него, туку е проблем за целото општество. Првилната дијагностика, но и правилниот третман значително го подобруваат квалитетот на живот со што тие болни не одат на доктори, не отсуствуваат од работа, училиште..., а се намалува и трошокот за лекувањето, рече Јовковска-Ќаева.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг