Доколку планирате да патувате задолжително прочитајте
- На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци), соопшти АМСМ.
Како што стои во соопштението, пренасочувани ќе бидат возилата со вкупна маса над 5 тона.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос