-->
-->
Доктор Рашфорд
-->

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е награден од Универзитетот во Манчестер со тоа што му е врачен почесен докторат. Како што пренесува „ББЦ“ Рашфорд станал најмладиот доктор на науки.
Наградата е за неговиот придонес во борбата против сиромаштијата кај децата. Докторатот се доделува без обврски личноста да мора да присуствува на предавања или да полага испити.
Тој е награден поради гестот да се труди да им обезбеди топол оброк на децата кои се во лоша финансиска состојва во текот на празниците.
Со ова Рашфорд стана третиот во Јунајтед кој е почастен да биде доктор на науки. Пред него таа чест ја добија Сер Алекс Фергусон и Сер Боби Чарлтон.
„Кога ќе погледнам кој се ја добил оваа награда пред мене, уште повеќе сум почестен. Ние не сме ниту на половина пат во борбата со сиромаштијата, пред се кај децата нашата помош е најотребна, но навистина ми значи што овој град вака ме награди“ – изјави Рашфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
