Долниот дом на француското Собрание неделава треба да го ратификува Протоколот за НАТО
Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Долниот дом на францускиот Парламент се очекува по расправата да го ратификува Протоколот, откако претходно на 17 октомври тоа го стори Сенатот.
По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.
Во образложението на предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, се наведува дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.
-Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидати и нивниот придонес за безбедноста на евроатланстката област, се додава во образложението.
– Еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија, од почетните 12, ќе станеме сојуз од 30 земји. Многу од нив се членки на ЕУ. Сетоа тоа значи дека стотини милиони луѓе веќе се придружија на демократијата и економскиот просперитет. Со тоа Европа станува пообединета и помирна од кога и да било претходно, нагласи Столтенберг.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд