ДОМ: Сите граѓани имаат право на здрава животна средина
ДОМ по повод Денот на планетата Земја порачува дека сите граѓани на Република Македонија имаат право на здрава животна средина и дека државата има обврска да ја обезбеди, со сериозен третман на животната средина.
- Итно ни треба Закон за урбано зеленило за да престане уништувањето на градското зеленило, наведуваат од ДОМ. Од партијата посочуваат дека бараното решение за ваков закон не е Законот за зеленило донесено пред распуштањето на Собранието.
ДОМ смета дека итно е потребен и Закон за квалитет на почва, за да знаеме каде живееме, што садиме и што јадеме.
Овие и многу други проблеми, според ДОМ, не можат да се решат со скромен буџет од пет милиони евра на Министерството за животна средина. Тој буџет, како што наведуваат, треба да се зголеми најмалку за 10 пати, за да можеме како земја да си ги решиме основните проблеми со чист воздух, вода и почва.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори