-->
-->
Доминација на Мареј и втора титула на Вимблдон
-->
Шкотскиот тенисер Енди Мареј по вторпат триумфираше на Вимблдон што е негов трет грен слем трофеј во кариерата.
Мареј ја искористи елиминацијата на Ѓоковиќ и Федерер и со доминантна игра во финалето славеше со 3-0, по сетови 6-4, 7-6 и 7-6 против Милош Раониќ.
Ова беше меч со само еден брејк и тоа во првиот сет за Мареј. Раониќ имаше само една таква можност но не ја искористи во 5. гем од третиот сет.
Ја немаше и сервис доминацијата на Канаѓанецот кој имаше само еден ас повеќе од Мареј 8-7. Посебно сигурно делуваше Британскиот тенисер во тај-брејкот во вториот и третиот сет кога на противникот му дозволи само 5 поени.
29-годишниот Мареј го играше 11-тото Грен слем финале во својата кариера додека на Раониќ ова му беше прво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст