Донација за одделот за гинекологија и акушерство во кумановската болница
Гинеколошко – акушерскиот одел и оделот за неонатологија од општата болница Куманово добија гинеколошки стол, стерилизатор и две инфузиони пумпи. Донацијата која денеска беше промовирана ја обезбеди компанијата Окта во соработка со Project Hope и Министерството за здравство.
-Таквиот координиран пристап со донација на опрема со инвестиција од страна на Владата исто така во опрема и примање нов кадар, носење странска експертиза со што се подигна знаењето и вештините на нашите лекари, конечно даде резултат и имаме за навистина краток период од почетокот на овие активности преполовена новороденечка смртност. Тоа се резултати со кои навистина се гордееме, бидејќи покажаа дека дефинитивно со зајакнува здравствениот систем во делот на оваа проблематика, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот рече дека ова е само дел од опремата од ПериМак проектот, донирана од компанијата Окта, која ја препознала важноста од проектот со кој се зајакнува системот на гинекологија и акушерство, на ран третман на порано родените бебиња. Филипче појасни дека проектот почнал пред три години и со координирани активности со други институции и агенции, СЗО, УНФПА. Тој најави дека во наредниот период ќе се преземат активности, предвидени во 2020 година, а се однесуваат на унапредување на родилиштата во Куманово и Тетово, потсетувајќи дека претходно е инвестирано во родилиштата во скопската универзитетска клиника на гинекологија и болницата во Чаир.
– Целта е да се постигне едно ниво согласно светските стандарди, заради тоа што веќе се имплементирани сите протоколи за соодветна стручна работа, по препораките на сите стручни здруженија за третман на порано родените бебиња, изјави министерот и се заблагодари на компанијата за донацијата.
Директорот на Окта, Јанис Геруланос, рече дека компанијата како општествено одговорна ќе продолжи со донации и во иднина кои се значајни за граѓаните.
-Верувам дека со оваа донација на модерна медицинска опрема ќе придонесеме значително да се подобрат условите на одделот за гинекологија и акуштерство во Општата болница во Куманово, рече Геруланос.
Директорката на болницата, Снежана Захариева се заблагодари на донацијата, истакнувајќи дека опремата била неопходна. Стручниот тим верува дека со опремата ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги на гинекологија во Куманово.
Таа потсети дека 2019 добиле донации од Министерството за здравство, од општествено одговорни компании, од Project Hope, од кои очекува дополнителна донација за 2020 година.
Захариева рече дека, иако има благо опаѓање на бројот на новороденчиња во болницата, сепак родилиштето во Куманово е едно од најголемите во државата. Во 2017, бројката на новородени изнесувала 1.380 , 2018 имало 1.250 раѓања, а до денеска родени се 1.099 новороденчиња.
-Се намалува и неонаталната смртност. Во 2018-та имавме девет мртвородени и едно починато после раѓањето, оваа година имаме три мртвородени деца. Најсреќни би биле да е нула, но овие бројки се движат во светски рамки, изјави Захариева.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп