Донирани велосипеди за деца без родители од Кичево

На 39 деца без родители од Кичево и околината, денеска, во просториите на хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево, им беа доделени велосипеди, донација од турската владина агенција за соработка и координација ТИКА.
- Успеавме да обезбедиме 39 нови велосипеди за децата без родители кои се на возраст до 13 години. Благодарни сме на ТИКА за оваа донација која колку толку ќе им го разубави денот на оваа категорија деца, изјави Ќамил Рушити, претседател на ХО „Класје на добрината“.
Акцијата, посочи Рушити, се одвива под мотото „Мојот убав спомен”.
Во „Класје на добрината” се регистрирани 62 деца без родители на кои, како што рече Рушити, секој месец се обидуваат преку разни донаци да им обезбедат по 2.000 денари парична помош.
Ново на Сител
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
